Фото: Дмитриј Медведев/фејсбук

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и лидер на владејачката партија Единствена Русија, реагираше на денешниот судир во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Жесток ќотек во Овалната соба, напиша Медведев, коментирајќи ја средбата на Зеленски со Трамп на неговиот канал на Телеграм – пренесоа руските медиуми.

Поранешниот претседател на Русија изјави дека американската воена помош за Украина сега мора да престане.