Фото: Дмитриј Медведев/фејсбук

Високиот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев рече дека доколку Западот испорача нуклеарно оружје на Украина, Москва би можела да смета дека таквото пренесување е еднакво на напад врз Русија, што ќе обезбеди основа за нуклеарен одговор.

– Американските политичари и новинари сериозно разговараат за последиците од трансферот на нуклеарното оружје во Киев – рече Медведев, a пренесе „Ројтерс“.

Според него, дури и заканата од таков трансфер може да се смета за подготовка за нуклеарна војна против Русија.