Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот.
Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари.
Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон).
Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари.
Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет.
Според 34-тото годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе.