Извршниот директор на „Тесла“ и сопственик на „Твитер“, Илон Маск, препорача Американците да гласаат за Републиканската партија на претстојните конгресни избори.
– На слободоумните гласачи: поделбата на власта ги ограничува најлошите ексцеси на двете партии, затоа препорачувам да се гласа за републиканскиот конгрес, имајќи предвид дека претседателот е демократ – напиша американскиот милијардер на Твитер.
Во САД утре се одржуваат среднорочни избори за Конгресот, на половина од претседателскиот мандат на Џо Бајден.