Мал авион што слетувал на аеродром во Монтана се судрил со паркиран авион, предизвикувајќи пожар, но никој не е сериозно повреден, соопштија денеска властите.
Едномоторниот авион со четири лица во него се обидел да слета на општинскиот аеродром Калиспел околу 14 часот.
Прелиминарната истрага покажува дека пилотот ја изгубил контролата, се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони, предизвикувајќи пожар во неколку од авионите.
Пожарот се проширил и на блиската тревна површина пред да биде изгаснат. Сведоците рекле дека авионот удрил во друг авион на крајот од пистата, а патниците излегле од авионот.
Две лица претрпеле полесни повреди и им е укажана медицинска помош на местото на настанот. Авионот бил идентификуван како турбопропелер „Соката ТБМ 700“ од 2011 година, во сопственост на „Метер Скај ЛЛЦ“ од Пулман, Вашингтон.
Консултантот за безбедност во воздухопловството, Џеф Гучити, изјавил дека вакви инциденти, во кои мали авиони удираат во паркирани авиони, се случуваат неколку пати годишно.
Во февруари, авионот на пејачот Винс Нил се судри со паркиран авион во Аризона, при што загина едно лице. Истрагата за тој инцидент сè уште не ја утврди причината за несреќата.