Во писмената порака испратена до двата дома на францускиот Парламент, која истовремено беше прочитана од Жерар Ларше, претседател на Сенатот, пред сенаторите и од Ричард Феран, претседател на Националното собрание, пред пратениците, францускиот претседател Емануел Макрон нагласува дека „војната во Украина означува голема геополитичка пресвртница и ризикува враќање на империите“, јави дописникот на МИА.
– Оваа голема криза ќе има последици по нашите животи, нашата економија и нашата безбедност. Да не попуштаме во основните должности на мирот и колективната безбедност – пишува Макрон.
Тој потенцираше дека „санкциите преземени против Русија имаат долгорочно влијание“ и дека имаат „последици“.
Во обраќањето на Макрон напиша дека „Должноста на Франција е трикратна“.
Првата се однесува на дополнителна економска помош од 300 милиони евра, што ќе им биде дадена на Украинците, бидејќи „мора да дејствуваме солидарно“. Тој, како што претходно денеска соопшти Жан-Ив Ле Дриан, кажа дека Франција е во контакт со украинските власти за да им ја обезбеди воената опрема што им е потребна.
На крај според него, „мора да ја заштитиме нашата безбедност, нашиот суверенитет. Ќе преземеме дополнителни обврски во рамките на НАТО за заштита на балтичката и романската територија“, посочи Макрон, нагласувајќи дека ќе биде неопходно да се заштити и од кибер напади.
За потсетување, оваа исклучително ретка интервенција беше овозможена со член 18 од францускиот Устав. Тој предвидува дека „Претседателот на Републиката комуницира со двете собранија на Парламентот преку пораки што ги прочитал и кои не предизвикуваат никаква дебата“.