Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска најави дека од следното лето ќе биде воведена воена десетмесечна служба на доброволна основа и „исклучително на француска територија“.
Според него, до летото 2026 година предвидено е да се пријават 3.000 млади лица на возраст од 18 до 19, а до 2035 година нивниот број да достигне 50.000 луѓе годишно.
Макрон пред припадниците на 27-та планинска пешадиска бригада во Изер, југоисточна Франција, истакна дека младите луѓе се подготвени да ја поддржат својата земја.
Тој претходно најави дека Франција планира да испрати војници во Украина. Но, денеска изјави дека доброволците воениот рок ќе го служат само во Украина.
Предвидено е селекцијата да почне во јануари, а воениот рок ќе трае 10 месеци, од кои еден месец обука.


































