Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и со други европски лидери, „за да се обидат да постигнат напредок“ во врска со Украина.
Како што е наведено во соопштението од Елисејската палата, во разговорот, кој траел околу 40 минути, учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Во соопштението на британската влада се наведува дека тројцата европски лидери ги поздравиле напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина.
– Лидерите ги разгледаа најновите вести за тековните мировни преговори што ги водат Соединетите Американски Држави. Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови – се вели во соопштението.
Покрај тоа, лидерите се согласија дека станува збор за „критичен момент за Украина, нејзиниот народ и за заедничката безбедност низ евроатлантскиот регион“ стои во текстот.

































