Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика Пекинг да помогне во притисокот врз Русија да ја „запре агресијата“ во Украина и да постигне мир.
Тој најави дека ќе замине во Кина на почетокот на април, при посетата на саемот за земјоделство, објави француската ТВ БФМ.
– Денес Кина мора да ни помогне да извршиме притисок врз Русија никогаш да не користи хемиско или нуклеарно оружје и да ја прекине оваа агресија – посочи тој.
Францускиот претседател изјави дека мирот „е возможен само ако се запре руската агресија, се повлечат војниците и се почитува територијалниот суверенитет и украинскиот народ“.
– Фактот дека Кина се ангажира во мировните напори е апсолутно добар – рече Макрон, еден ден откако Кина објави документ во кој повикува на мировни преговори и политичко решение – пренесе Телеграф.рс.