За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласи за потребата од вклучување на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина – се наведува во соопштението од Елисејската палата.
– Претседателот на Франција, пред претседателот Путин ја изрази својата длабока загриженост за безбедносните ризици на нуклеарните постројки – се вели во соопштението.
Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“