В недела втор круг од француските парламентарни избори
В недела се одржува вториот круг од француските парламентарни избори, кој може целосно да го промени политичкиот правец на таа земја, со оглед на победата на партијата Национален собир (РН) на Марин Ле Пен во првиот круг. Повеќемина аналитичари предвидуваат целосно идеолошки поделен иден состав на националниот парламент, што значи нестабилност на извршната власт, без разлика кој е на чело. На ист начин, нестабилниот парламент ќе му го отежни натамошното владеење на претседателот Емануел Макрон, кој со распишувањето вонредни избори се фати во стапицата што самиот си ја постави и претрпе болен пораз за неговата партија и нејзините партнери, победувајќи само за третото место, зад гореспоменатата партија Национален собир (РН) и набрзина формираната крајно лева коалиција.
Таквата алармантна ситуација за Макрон и левичарите, противниците на француската партија Национален собир сега се обидуваат брзо да ја стават во прифатливи рамки. Тие ги засилија обидите да ја блокираат партијата на Национален собир (РН) да ја преземе власта, а во вторникот повеќе кандидати од спротивниот табор изјавија дека ќе се повлечат од вториот круг на изборите претстојниов викенд за да избегнат поделба на гласовите против РН.
Околу 180 или повеќе кандидати потврдија дека нема да учествуваат во вториот круг за францускиот национален парламент со 577 места в недела, според процените на локалните медиуми. Другите имаат рок до 18 часот по локално време да го направат својот избор. Но, дури и пред да маневрира во последните 24 часа за да создаде „републикански фронт“ за блокирање на споменатата партија Национален собир (РН), која беше далеку од освојување на 289 места потребни за мнозинство.
Анкетарите пресметаа дека првиот круг го стави РН на вистинскиот пат за освојување помеѓу 250 и 300 места. Но тоа беше пред тактичкото повлекување и меѓупартиските апели до гласачите да го поддржат кандидатот што е најдобро поставен да го победи локалниот противник на РН, објави „Ројтерс“.
– Играта не е завршена. Мораме да ги мобилизираме сите сили – изјави градоначалничката на Париз, Ан Идалго, за „Франс 2“. Р.С.