Именувани 18 министри за новата француска влада
- Францускиот претседател Емануел Макрон му сугерира на премиерот да избере компактен тим од 25 или 26 министри и државни секретари што се „силно политички вкоренети во регионите и способни да разговараат со левицата“
Францускиот премиер Себастијан Лекорну именува 18 министри за новиот владин состав во кој ќе бидат вклучени и републиканците, пренесуваат светските медиуми.
Блискиот сојузник на францускиот претседател Емануел Макрон, Ролан Лескир, беше именуван за нов министер за финансии на Франција, додека поранешниот министер за финансии Бруно Лемер беше назначен за министер за одбрана. Францускиот премиер Жан-Ноел Баро ќе продолжи да биде министер за надворешни работи, а Бруно Ретај ќе остане министер за внатрешни работи во новата влада.
Жералд Дарманин ќе продолжи да служи како министер за правда во новата француска влада.
Рашида Дати ќе продолжи да биде министерка за култура, додека нова министерка за образование и научни истражувања ќе биде Елизабет Борн, а министер за прекуокеански територии ќе остане Мануел Валс. Во новата француска влада, Катрин Вортен ќе биде министерка за труд, здравство, солидарност и семејство, Ерик Верт министерка за регионално планирање и домување, Ани Женавард министерка за земјоделство, Амели де Моншален министерка за јавни сметки и Филип Табаро министер за транспорт.
Дополнително, Наима Мушу ќе биде министерка за дигитални технологии и државна служба, Марина Ферари министерка за спорт, Аурора Берж министерка за еднаквост меѓу жените и мажите, Ањес Пание-Рунаш министерка за еколошка транзиција и Матие Лефевр министер за парламентарни односи.
Францускиот претседател Емануел Макрон побара од премиерот да избере компактен тим од 25 или 26 министри и државни секретари што се „силно политички вкоренети во регионите и способни да разговараат со левицата“. Се очекува преостанатите министри да бидат именувани во наредните денови.
Лекорну претходно изјави дека планира да воведе данок на лица со годишни приходи од над 250.000 евра, со цел да ги придобие опозициските социјалисти да го поддржат буџетот на неговата влада за 2026 година.
Лекорну минатиот месец стана петтиот премиер на францускиот претседател Емануел Макрон за две години, откако парламентот го разреши Франсоа Бајру поради неговите планови за спроведување буџетски намалувања од 44 милијарди евра следната година.
Тони Гламчевски, дописник на „Нова Македонија“ од Франција