фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на одржување четиристран состанок на кој ќе учествуваат и Европејците, како одговор на надежите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги донесе на маса украинскиот и рускиот претседател.

– Мислам дека како продолжение веројатно ќе ни треба четиристран состанок, бидејќи кога зборуваме за безбедносни гаранции, зборуваме за целата безбедност на европскиот континент -, рече Макрон на состанокот во Белата куќа на кој се собрани европски лидери, Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на прекин на огнот во Украина пред самитот на лидерите.

– Не можам да замислам дека следниот состанок би се одржал без прекин на огнот, па ајде да работиме на тоа и да се обидеме да извршиме притисок врз Русија – рече Мерц.
Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори својот став дека прекин на огнот не е неопходен за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, повторувајќи ги претходните коментари што го доведоа неговиот став поблиску до рускиот претседател Владимир Путин, со кого се сретна минатата недела.

– Не мислам дека е потребен прекин на огнот – рече Трамп, седејќи покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.