Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој е обвинет за трговија со дрога и оружје, пристигна во Федералниот суд во Менхетен, Њујорк, пренесе МИА.
Мадуро со лисици на рацете, облечен во кафеава јакна и панталони и опкружен со вооружени полицајци пристигна во судот.
Мадуро беше приведен на 3 јануари е обвинет од американското судство, меѓу другото, за „наркотероризам“ и увоз на кокаин во САД.































