Фото: ЕПА

Лидерката на венецуелската опозиција и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека е време да се ослободат сите политички затвореници во Венецуела, да се врати вистината и да се воспостави правда наместо неказнивост, како и да се стави крај на практиката на повторни апсења и прогон на неистомисленици.

Политичкото движење „Vente Venezuela“ наведе дека транзицијата кон демократија во Венецуела не е само израз на волјата на народот, туку и „незапирлив и неповратен процес“, во кој, како што се истакнува, оние кои сè уште нелегитимно ги контролираат државните институции се принудени да признаат дека суверенитетот му припаѓа на народот – се наведува во објава на Мачадо на социјалната мрежа „Икс“.

– Целта на актуелниот политички процес е да се врати суверенитетот на граѓаните и да се врати институционалниот поредок во согласност со уставот и меѓународните обврски на Венецуела – се наведува во соопштението на политичкото движење „Vente Venezuela“.