Австрискиот министер за европски прашања, Гернот Блимел, во парламентот предизвика модна, но и политичка бура, бидејќи низ собраниската сала се прошета без чевли.
Блимел, за време на вчерашната седница, излезе од пратеничките клупи и одеше во тиркизни чорапи, боите на неговата Народна партија (ОВП).
Кај опозициската Социјалдемократска партија (СПО) ова предизвика големо разочарување.
-Дали вашата политика ве извади од чевлите, господине министер Блимел- напишаа од СПО на „Твитер“ и порачаа дека министерот треба да се срами од таквото однесување.
Ваквата постапка на министерот во јавноста го покрена прашањето дали е во ред еден министер така да се однесува во собранието.