Фото: Лукашенко/Инстаграм профил на белорускиот претседател

Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 31 украински државјанин, објавија белоруските медиуми, повикувајќи се на портпаролката на претседателот Наталија Ајсмонт.

– По постигнатите договори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Република Белорусија Александар Лукашенко, на барање на украинската страна и со цел да се создадат услови за решавање на вооружениот конфликт во соседната земја, претседателот, воден од принципите на хуманизмот и како гест на добра волја, помилува 31 граѓанин на Украина кои извршиле кривични дела на територијата на нашата земја – рече Ајсмонт.

– Буквално сега, во овие минути, се одвива нивното предавање на украинската страна – додаде таа.