Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства – соопшти денеска неговиот кабинет.
 – Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи“, се наведува во соопштението – пренесува агенцијата „Белта“.

Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.