Sebastien Lecornu
Фото: ЕПА

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорну е именуван за нов премиер на Франција.

Лекорну (39), некогашен десничар и соработник на претседателот Емануел Макрон е именуван за премиер откако Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка.

Францускиот Парламент вчера ја разреши владата на премиерот Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се изјаснија дека гласаа дека немаат доверба во Владата, додека само 194 и дадоа доверба.

Макрон сега може да распише предвремени избори или избор на петти премиер за помалку од две години.