Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските напади врз Брјанска област со американски ракети се јасен сигнал дека Западот бара ескалација на конфликтот.
– Без Американците е невозможно да се користат овие високотехнолошки ракети, како што неколкупати изјави (рускиот претседател Владимир) Путин – посочи Лавров.
Тој додаде дека се надева оти новата нуклеарна доктрина на Москва, во која Путин го намали прагот за нуклеарен напад, ќе биде внимателно прочитана.