Русија ги проучува изворите и веродостојноста на информациите за можноста САД да стационираат нуклеарно оружје во Велика Британија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Од моментот кога НАТО ја прогласи Русија за главна закана, всушност непријател, ние го сметаме целото нуклеарно оружје на земјите-членки на НАТО – САД, Велика Британија и Франција, како единствен нуклеарен арсенал насочен против Руската Федерација. Во нашите доктринарни документи, тргнуваме од ова. И соодветно, ги правиме нашите безбедносни планови. Конфигурацијата на овој арсенал може да се промени, но суштината не се менува – рече Лавров, а пренесе „Танјуг“ повикувајќи се на „РИА новости“
Тој посочи дека ултиматумите на Западот за решавање на украинската криза се неприфатливи, бидејќи, како што оцени, „немаат перспектива“.