Фото: МНР на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека доколку би дошло до Трета светска војна, во неа би било вклучено и нуклеарно оружје и би била деструктивна. Тој исто така предупреди дека таквиот конфликт би бил катастрофален.

Лавров нагласи и дека Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје.

– Веќе сме подготвени за втората рунда преговори, но украинската страна игра по наредба на САД – рече Лавров.