Соработката меѓу Русија и Кина само ќе стане посилна во сегашните околности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Оваа соработка ќе стане посилна, бидејќи во време кога Западот очигледно ги поткопува темелите на кои е изграден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние како две суперсили (Русија и Кина) ќе треба да размислиме како да продолжиме во овој свет – истакна Лавров.
Во телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг одржан во петокот, американскиот претседател Џозеф Бајден ги наведе „импликациите и последиците“ во случај Пекинг да обезбеди материјална поддршка за Русија и нејзиниот напад врз Украина, соопшти Белата куќа.
Кинеските државни медиуми објавија дека Си ја опишал војната како „ничиј интерес“, но не се споменува директна критика кон рускиот претседател Владимир Путин.
Според неколку неодамнешни медиумски извештаи, Русија побарала од Кина воена опрема за поддршка на нејзината инвазија врз Украина.