Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави денеска дека ситуацијата во Ерменија е загрижувачка и покрај тоа што новото државно раководство вети дека нема судски да ги гони своите политички претходници.
– Настаните во изминатите неколку денови отстапуваат од неодамнешните изјави на ерменското раководство, кое тврдеше дека нема да ги гонат своите претходници од политички причини – рече Лавров.
Тој додаде дека Русија, како ерменски сојузник, отсекогаш била заинтересирана за стабилноста во таа земја.
– Поради тоа, за нас е алармантен новиот развој на ситуацијата, особено во однос на функционирањето на Заедницата на независни држави (ЗНД), каде припаѓа и Ерменија – рече Лавров.