Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски.
– Нема планиран состанок… Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред – истакна Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си.
Тој се осврна и на резултатите од самитот Русија – САД на Алјаска, истакнувајќи оти Русија покажала флексибилност по низа прашања иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателот Трамп предложи неколку точки по Енкориџ, за некои имаме исто мислење, а за некои се согласивме да покажеме одредена флексибилност, наведе Лавров.