Фото: Министерство на надворешни работи на Русија/Твитер

Северноатлантската алијанса ја премина границата на секаква пристојност, дозволувајќи си да дава изјави за можноста од превентивни напади на руска територија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесе „ТАСС“.

Лавров најави дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги соопштил вистинските намери на Алијансата, кога кажал дека размислуваат да извршат превентивни напади врз Русија во случај на евентуален вооружен конфликт.

– Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека, за да се постигнат целите за заштита и одбрана на земјите-членки на НАТО, треба да се извршат превентивни напади врз цели во Русија кои, според мислењето на НАТО, можат да претставуваат закана за земјите членки на Алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Ја преминаа границата на секаква пристојност и веќе јавно ги искажуваат своите вистински намери – рече Лавров.