Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.
Во интервју за американската Ен-би-си њуз, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните гаранции, при што Путин потсетил на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година.
На тие на разговори на маса било ставено прашањето за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, со учество на други држави. Лавров сега прецизираше дека, покрај членките на Советот за безбедност, оваа група гаранти би можела да ги вклучи и Германија и Турција.
Според Лавров, моделот е јасен – „гарантите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да остане ненуклерана, да биде неутрална и не смее да биде поврзана со никаков воен блок“.
Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва бара и заштита на правото на употреба на рускиот јазик, како отворање разгорои за територијални прашања.
Руски официјални претставници и досега повеќепати кажуваа дека Москва од Киев да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за НАТО, Украина да остане неутрална и да не се дозволи присуство на западни трупи на нејзина територија.