Фото:Сергеј Лавров / инстаграм

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Доха изјави дека мировните преговори ги попречуваат Западот и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Европа отворено се обидува да го поткопа решението за конфликтот во Украина. Ова е менталитетот „или-или“ што владее во Европа во последно време – рече Лавров, пренесе „Танјуг“.

Според него, Русија смета дека е невозможно да се согласи на договори кои би вклучиле и повторно вооружување на Украина.

 – Она што остана од Украина мора да биде ослободено од расистички закони – рече Лавров, додавајќи дека Европа со своите постапки покажала дека не сака никаков мир, бидејќи „нејзиниот штитеник не ги исполнил сите задачи што му ги поставила“.

На прашањето дали е вистина дека Москва се согласила да користи замрзнати средства од 300 милијарди долари за реконструкција на Украина, под услов некои од нив да бидат наменети и за потребите на новите руски региони, Лавров нагласи дека не се зборува за „имот украден од Европејците“ и дека е сигурен дека прашањето ќе биде решено наскоро, како што нагласил и шефот на американскиот Стејт департмент, Марко Рубио.

Тој исто така додаде дека на 27 февруари во Истанбул ќе се одржи средба меѓу руски и американски претставници на која ќе се разговара за работата на амбасадите.

Тој ги отфрли сите опции за распоредување европски мировни сили во Украина, наведувајќи дека Русија воопшто не го разгледува тоа.

Лавров посочи дека оваа идеја, наметната од Европејците, „имено Франција и Велика Британија“, е насочена кон дополнително ескалирање на конфликтот и сузбивање на обидите да се стави крај на конфликтот.