Фото: Пиксабеј

Воз излета од шини утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми.

Во тек е спасувачка акција.

Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис „Ер-те-ес“.