Во следниот состав на Европска комисија се очекува да има најмалку 10 жени, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
– Половина од граѓаните на ЕУ се жени, затоа имаме за цел да постигнеме родова еднаквост во новата комисија, каде еднаквоста е обезбедена со географски принцип и со политичка припадност – наведе Лајен.
Таа додаде дека сè уште не разговарала со сите предложени за европски комесари.
– Еврокомесарите мора да бидат компетентни, ова е најважното барање – наведе Лајен.
Се очекува Лајен за една недела на затворена средба со раководството на Европскиот парламент да го претстави предлогот за структурата и составот на новата ЕК. Во октомври новите еврокомесари треба да бидат изгласани од ЕП, а со работа ќе почнат во декември.