Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Киев е подготвен за разговори со Русија, но ги отфрла руските ултиматуми.
– Ние сме подготвени за разговори. Сепак, не сме подготвени да прифатиме руски ултиматуми – изјави Кулеба во интервју за германскиот весник „Велт“.
Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира, Киев ќе возврати.