Украина денеска побара од земјите од Г7 повеќе оружје и построги санкции против Москва по рускиот напад врз станбен комплекс недалеку од центарот на Киев.
– Самитот на Г7 мора да одговори со повеќе санкции против Русија и повеќе тешко оружје за Украина – напиша украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на Твитер.
Тој повика на „победа над болниот империјализам“ на Русија.
Во Елмау, Германија денеска почнува самитот на Г7 – Групата на седумте најиндустриски развиени земји во светот.