Фото: Пиксабеј

Русија во моментов не гледа основа за обновување на дијалогот со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неколку часа откако ЕУ го усвои шеснаесеттиот пакет санкции против Москва во врска со војната во Украина, пренесоа британските медиуми.

Песков рече дека Русија сака да најде решение за украинскиот конфликт со водење дискусии со САД и ја обвини Европа дека сака да продолжи со непријателствата.

-Европејците продолжуваат по досегашниот пат и се убедени во потребата од продолжување на војната. Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со напорите да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците – додаде тој на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.