Фото: МНР на Белорусија

Мировните преговори меѓу Русија и Украина не напредуваат и најверојатно нема да продолжат по „капитулацијата“ на украинската армија од фабриката за челик Азовстал, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Преговорите навистина не напредуваат. Гледаме целосен недостиг на желба на украинските преговарачи да го продолжат овој процес-ја пренесуваат руските медиуми неговата изјава.

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, вчера изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.

– Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса-додаде вчера Подољак.