Фото: Кремљ

Подобрувањето на односите меѓу Русија и САД ќе потрае, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Секако, постои моментум во овој процес – рече Песков.

-Напорите за враќање на билатералните односи во нормала одземаат време- нагласи тој.

Песков рече дека за време на мандатот на претседателот Џо Бајден, односите меѓу Москва и Вашингтон претрпеа невидено влошување.

Тој, исто така, посочи на долгиот период во кој немало директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Портпаролот на Кремљ истакна дека ова е прв пат во модерната руска историја да поминат повеќе од половина година од инаугурацијата на новиот американски претседател и неговата средба со рускиот шеф на државата.