Официјален Кремљ денеска објави дека конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом Западот дејствува по повод постојано изразената загриженост од Русија поради убиствата на цивили во источна Украина и проширувањето на НАТО на исток.
На новинарско прашање како може да заврши кризата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го кажа ставот на Русија и рече дека верува оти Украина разговара за барањата на Москва со САД и другите сојузници, пренесува „Ројтерс“.
– Русија формулираше конкретни барања до Украина во врска со решавањето на овие прашања. Колку што разбравме, Украинците разговараат за овие барања со нивните советници, пред се со САД и земјите од Европската Унија – рече Песков.