Русија ќе ги развива врските со Северна Кореја во сите области, спроведувајќи ги договорите постигнати во септември од страна на лидерите на двете земји Владимир Путин и Ким Џонг Ун – објави Кремљ пред претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на двете земји во Москва.
Во извештајот на севернокорејската агенција „КЦНА“ се наведува дека нивниот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи пристигнал во Москва за да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за подобрување и натамошно продлабочување на економските, политичките и воените врски меѓу двете земји.
– Северна Кореја е нашиот најблизок сосед и партнер со кој се развиваме и имаме намера дополнително да го развиваме партнерството во сите области – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
За време на посетата на Чое Сон Хуи, тие ќе разговараат и за договорите што ги направи Ким Џонг Ун со Путин, кој вети дека Русија ќе му помогне на официјален Пјонгјанг во изградбата на сателити – рече Песков.