Фото: Пиксабеј

Европа ќе мора да изгради „нова безбедносна архитектура“, а тоа ќе бара многу напор во контекст на промените во светот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Очигледно, поради фактот што безбедносната архитектура на Европа брзо се менува, неопходно е да се изгради нова безбедносна архитектура за Европа, така што во иднина ќе треба многу напор, изјави Песков – пренесен од руските медиуми.

Тој истакна дека во моментов се менува целиот систем на меѓународни односи.

– Обновувањето на европската безбедносна архитектура ќе стане прашање за загриженост за Русија – оцени Песков, бидејќи, како што наведе, таа треба да ги обезбеди своите интереси во оваа област и усвојување на соодветен систем на безбедносни гаранции.

Коментарот на Песков следеше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за преиспитување на односите меѓу Европа и Русија во врска со потребата да се размислува за нова форма на организирање на Европа.

Макрон вчера изјави дека Европа во одреден момент ќе мора да размислува за нова форма на нејзина организација и да ги преиспита своите врски со Русија, додавајќи дека земјите во Европа и светот треба да се фокусираат на изградба на нов светски поредок.