Принцезата од Велс конечно се враќа на најголемиот дел од своите кралски должности досега откако беше подложена на третман за рак. Имено, принцезата Кејт Мидлтон ќе се придружи на свечениот пречек за државната посета на Катар, потврдија од Кенсингтонската палата, пишува „Дејли мејл“.
Од друга страна, кралицата Камила била принудена да го минимизира своето учество поради лошата здравствена состојба.
Кралот Чарлс ќе ги пречека шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и првата од неговите три сопруги Шеиха Џавахер за време на раскошна церемонија во Вајтхол.
За време на овој прием, Кејт се очекува да преземе уште повеќе кралски должности од претходно планираните за време на државната посета, што е опишано како „позитивен знак“ во кралските кругови, пишува „Дејли мејл“.