Командантот елитната иранска Револуционерна гарда Мохамед Али Џафари го отфрли предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп за преговори со Техеран. Тој рече дека Исламската Република не е Северна Кореја.
Вчера Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со иранскиот лидер без предуслови за да разговараат за тоа како да се подобрат односите меѓу двете земји, откако Вашингтон се повлече иранскиот нуклеарен договор, склучен во 2015 година.
– Господине Трамп! Иран не е Северна Кореја за да го прифати вашиот предлог за средба. Дури и американските претседатели по Вас нема да го видат тој ден – додаде Џафари.