Фото: Пексел

Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.

Епидемијата доведе до 74 потврдени случаи и 34 смртни случаи од почетокот на 2024 година – изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило.

Жолтата треска е вирусна болест која се пренесува преку каснување од комарец.