Фото: принтскрин

Турција концентрира воени трупи на границата со Сирија

Турската армија и Сириската национална армија (СНА), поддржани од Анкара, во вторникот објавија почеток на воена операција против Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите во градот Кобани, во северна Сирија. Соопштението доаѓа во време кога Турција собира војници на границата со Сирија, што американските и меѓународните медиуми го протолкуваа како подготовка за голема прекугранична инвазија. Според извештајот на „Волстрит журнал“, турски униформирани командоси и артилерија сега се концентрирани во близината на Кобане, клучен град со мнозинско курдско население.
Според извештаите од теренот, Турција се обидува да воспостави безбедносен појас долг 30 километри на нејзината јужна граница. Турски воени авиони го надлетуваат регионот, додека по должината на границата е поставена бетонска бариера.
Курдските единици ја презедоа контролата врз областите со мнозинско курдско население во Сирија во 2012 година, за време на ескалацијата на конфликтот од 2011 година. Турција се обидува да спречи формирање автономни курдски региони по должината на нејзината граница, кои се протегаат од Африн до Кобане и Хасака. Р.С.