Фото/Илустрација: Пиксабеј

Кинеската Национална агенција за разузнавање и безбедност (Министерство за државна безбедност – МДС) предупреди дека странските разузнавачки агенции ги засилуваат напорите за „нелегално стекнување“ на генетски податоци и семиња од житниот сектор во земјата, нарекувајќи ја активноста закана за националната безбедност на храната.

– Во последниве години, странските разузнавачки агенции ја интензивираа својата инфилтрација во житниот сектор во Кина, нелегално стекнувајќи генетски податоци од култури како што се соја, пченка и ориз, што претставува сериозна закана за безбедноста на храната во земјата“ – се вели во соопштението на Министерството.

-Пекинг долго време ја смета својата безбедност на храната за прашање од националната безбедност, слично како што енергетската безбедност долго време се гледа низ призмата на националната безбедност во Вашингтон – рече Еван Роџерс Пеи, директор на TriviumChina со седиште во Пекинг.

– Објави како оние на МДС имаат за цел да создадат јавно сомневање и да поттикнат скептицизам во врска со странскиот интерес за земјоделството и храната“ – додаде тој.

Министерството ја повика јавноста да пријави каква било сомнителна активност преку официјални телефонски линии или онлајн канали.