Кина не учествува во војни, ниту во заговори за разгорување на воени конфликти – изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на заедничка прес-конференција со шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон во Љубљана.
Ванг нагласи дека проблемите не можат да се решаваат преку војна и дека санкциите само дополнително ги продлабочуваат.
Тој ја започна својата европска турнеја на 5 септември, која ќе трае до 16 септември и ќе опфати посети на Словенија, Австрија и Полска. Разговорите ќе бидат посветени на застојот во преговорите за мир во Украина.
Изјавата на Ванг доаѓа откако САД ги повикаа своите сојузници да воведат тарифи за земјите кои продолжуваат да купуваат руска нафта. Вашингтон веќе наметна дополнителни царини за увоз од Индија поради набавките на руски енергенси, но засега се воздржува од слични мерки кон Кина.