Секое долгорочно нарушување на сообраќајот низ Ормутскиот Теснец би имало далекосежни последици / Фото: ЕПА

Кина денеска упати повик до сите вклучени страни во конфликтите на Блискиот Исток да придонесат за зачувување на безбедноста на поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец.

-Кина ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат своите воени операции, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите, да ја одржат безбедноста на морските патишта на Ормускиот теснец и да спречат ситуацијата да има поголемо влијание врз глобалната економија – изјави портпаролот на Министерство за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, на редовната прес-конференција.

Според извештаите на светските медиуми, на почетокот на 2025 година Кина била водечка дестинација за транзит на нафта што минува низ Ормускиот теснец.

Воедно, се посочува дека во последните години Кина е најголем увозник на иранска нафта, што дополнително ја нагласува нејзината заинтересираност за стабилност и безбедност во овој стратешки важен поморски коридор.