Kim Jong Un
Фото: ЕПА

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун денеска со воз отпатува за Пекинг, каде ќе присуствува на кинеската воена парада. Тоа е првпат Ким да присуствува на голем мултилатерален дипломатски настан.

Предводено е Ким утре да пристигне во Пекинг, а на 3 септември да присуствува на воената парада во чест на формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.

Се очекува Ким во Пекинг да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, но и со шефот на руската држава Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на воената парада.

Поразот на империјална Јапонија во 1945 година и доаѓањето на комунистите на власт во Кина во 1949 година беа клучни настани што ја предизвикаа Корејската војна од 1950 до 1953 година. Војната резултираше со поделба на полуостровот на комунистички северен дел поддржан од Кина и капиталистички југ поддржан од САД.