Фото: Принтскрин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги повика своите војници да се подготват за „вистинска војна“, објави денеска државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА.

Ким ја даде наредбата за време на артилериска вежба на која лично присуствуваше.

Фотографиите објавени од КЦНА го покажуваат Ким како разговара со војниците. Други фотографии го покажуваат како внимателно го набљудува артилерискиот оган, опкружен со неколку севернокорејски воени команданти, пренесе БТА.

Локацијата на вчерашната вежба не беше откриена. Фотографиите покажуваат гранати како летаат кон морето.

Мора да бидете способни да „го уништите непријателот во секоја битка“, им рече Ким на војниците.