Во последните 24 часа во руското гранатирање на источниот дел на Украина загинаа најмалку двајца цивили, а 10 се ранети, соопштија украинските власти.
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во регионот Доњецк, центарот на офанзивата, руските сили извршија артилериски напади врз градовите Авдеевка, Краматорск и Константиновка, додека најмалку пет куќи се оштетени во воздушен напад врз Бахмут.
Гувернерот на Донецк, Павло Кириленко, изјави дека „Русите користат тактика на испржена земја“ и додаде дека „пукаат од земја и од воздух за да избришат цели градови“.
Русите извршија напади и врз регионот Харков. Во градот Чугуев, во руски напад е уништена зградата на локалниот клуб, а спасувачите извлекле неколку лица од урнатините.
Во реонот на Днепар, 10-годишно девојче е рането во гранатирање, а седумгодишно дете е рането во руското гранатирање на регионот Николаев.