Фото: Пиксабеј

Украина им порача на жителите во источните региони на земјата да се евакуираат „сега“ или „да ризикуваат смрт“ поради опасноста од руски напад.

– Гувернерите на областите Харков, Луганск и Донецк го повикуваат населението да ги напушти овие територии и прават се што е можно за да се изврши евакуација на организиран начин – напиша вицепремиерката Ирина Верешчук на социјалната мрежа Телеграм.