Казахстан ѝ даде на Украина 41 генератор за ублажување на енергетската криза, соопшти официјален Киев.
– Добивме прекрасен подарок под елката од нашата братска нација Казахстан: 41 моќен генератор за нашите медицински установи – соопшти украинското Министерство за здравство на Фејсбук.
Генераторите ќе се користат во регионите кои се најтешко погодени од руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, соопшти Министерството и ги именуваше Миколаев, Дњепропетровск и Харков.